Заев: Вработување на 300 пилоти нема ниту во мое Муртино

Не сме ветиле вработување на 300 пилоти во Арачиново туку реализација на пилот-проекти.

Ова го рече денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање за изјавата на жител на Арачиново дека ветувале, а не исполниле.

„Треба да внимаваме на лажни вести како што е оваа. Во Арачиново ветивме реализација на пилот-проекти и тие заедно со Општината се реализираат. Вработување на 300 пилоти нема ниту во мое Муртино”, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.

И СДСМ вчера ја демантираа веста на 21Тв.

- Станува збор за класични лажни вести изнесени од страна на извесен Шаби Билали, лице со сомнителен кредибилитет. Лицето кое го изнесува ова лажно тврдење е син на поранешен кандидат за градоначалник на Арачиново кој во Грција бил уапсен за нелегален транспорт на мигранти, а бил фатен и со наркотици. Дополнително, за време на кампањата за претседателските избори Билали сакал да отвори изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Арачиново иако таа партија таму нема никаква база, што дава и оправдан сомнеж за политичка заднина на изнесените невистини. Зачудува потребата на ТВ 21 да остава медиумски простор на личности со сомнителна позадина и сомнителен кредибилитет,  кои шират лаги за наводни вработувања на 300 пилоти, иако се знае дека потребата од пилоти во државата е далеку помала, без притоа да побара став од СДСМ, рекоа од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега