Заев: Во тек се консултации за нова влада од различен формат

Лидерот на СДСМ и претендент за формирање на новата Влада на Македонија, Зоран Заев во изјава за весникот “КОХА, вели дека во тек се консултаците за обезбедување на ново парламентарно мнозиство, вклучувајќи ја и ДУИ на Али Ахмети.

 

“Во тек се консултации од различен формат, доколку има некаков прогрес во разговорите ке ја информираме јавноста”, изјави за весникот “КОХА”, Заев.

Од друга страна Преседателот на Републиката, Стево Пендаровски чека одоговор од лидерите на политичките парти, за да го додели мандатот на тие партии што ќе обезбедат 61 пратеник.

“Во однос на прашањето кога претседателот би имал средби со партиите, ќе го почекаме исходот од разговорите кои се во тек меѓу партиите кои имаат освоено пратеници во Собранието. Која било партија или коалиција од партии што ќе обезбеди мнозинство во Собранието може да побара разговор кај претседателот за да го информира за резултатот од политичките преговори”, велат за “КОХА”, од кабидентот на Преседателот Пендаровски.

Весникот “КОХА”, исто така дознава дека брзо се очекува нова средба Заев и Ахмети со цел изнаоѓање компромис за идно владење, додека партиските комиси на СДСМ и ДУИ продолжуват.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа