Заев во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Османи во Албанија- Каде ќе летуваат министрите годинава

Заради интересот на медиумската јавност, владината прес служба соопшти каде ќе летуваат владините чкенови.

 „Зоран Заев дел од годишниот одмор ќе го искористи во деновите после празникот 2 Август, Илинден. Премиерот Заев и неговото семејство деновите од одморот ќе ги поминат во Охрид и во Грција.

Заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска оваа година ќе биде на годишен одмор од 25 јули до 5 август, и ќе замине на активен одмор во Скандинавија.

Заменик претседателот во Владата  и министер за внатрешни работи - Оливер Спасовски нема одлучено дали ќе оди и каде би одел, додека заменик претседателот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, само неколку дена од својот одмор ќе ги помине во Грција на почетокот на Август.

Заменик претседателот во Владата на РСМ, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, планира својот годишен одмор да го реализира од 2 до 10 август, а за своја дестинација оваа година ја одбра Албанија.

Заменик претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Садула Дураки сѐ уште го нема соопштено својот план за годишниот одмор.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров до сега нема одлучено дали и каде ќе оди на годишен одмор, исто како и министерот за здравство Венко Филипче.

Министерката Дескоска одреден период од својот летен одмор ќе помине во Охрид, но сега за сега без определени датуми заради претстојните разговори за Законот за Јавно обвинителство.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе замине на еднонеделен одмор од 4  до 11 август, но до сега без одлука каде.

И министерот за економија Крешник Бектеши дел од одморот ќе искористи во првата од месец август. Со семејството сѐ уште немаат направено избор за својата дестинација.

Првата половина од месец август е планот за одмор и за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, исто така без определена дестинација.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на  почеток на август ќе замине на одмор во Италија, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со семејството ќе летува во истиот период со семејството во Турција.

Надвор од земјата, дел од својот годишен одмор, ќе искористи министерот за образование и наука Арбeр Адеми, како и министерот за култура Хусни Исмаили кој ќе помине неколку дена во Албанија и неколку дена во Охрид.

Министер за локална самоуправа Горан Милевски нема да оди на годишен одмор, а министерот за животна средина и просторно планирање ќе замине во Грција во периодот од 9 до 18 август.

Во првата половина на август на одмор ќе замине министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, кој оваа година ќе замине на 7 дена во Грција.

Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам, дел од годишниот одмор на почетокот на август ќе го помине во некоја од земјите од регионот.

Министерката без ресор задолжени за странски инвестиции Зорица Апостолска заминува исто така на кус одмор на почетокот на август, сега за сега без одлука каде, додека министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан за свој летен годишноодморски избор ја избра Турција каде што ќе замине на 31 јули.

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Бардул Даути ќе замине на годишен одмор во Албанија на 1 септември“ соопштуваат од Влада.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега