Заев во официјална посета на Црна Гора: Пријателски односи меѓу двете земји имаат светла перспектива

Зоран Заев и замениик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од Претседателот на Владата на Црна Гора Душко Марковиќ, како дел од програмата на двоедневната официјална посета, соопшти прес службата на владата.

Двајцата премиери потоа одржаа тет-а-тет средба на која разговараа дека традиционалните пријателски односи меѓу двете земји имаат светла перспектива за дополнителен развој на односите на економски план, особено на директен план на стопанствениците на Македонија и Црна Гора.

Премиерот Заев го запозна црногорскиот премиер со актуелната политичка ситуација во Република Северна Македонија, која со успешно спроведените избори за Претседател на државата и со темпото на реформските процеси, со право го очекува одобрувањето на стартот отворањето на преговорите по поглавја од Европската Комисија.

Двајцата премиери со силно одобрување и надеж ја очекуваат заедничката седница меѓу владите на двете земји, и посебно резултатите од Бизнис Форумот во организација на стопанските комори на Северна Македонија и Црна Гора.

Според програмата на првиот ден од официјалната посета на делегацијата на Владата на РСМ, премиерот Заев ќе оствари средби и со  Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и од Претседателот на Собранието на Црна Гора Иван Брајовиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега