Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт „мало сутра"

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, синоќа од Куманово ги повика граѓаните да излезат на претседателските избори и да гласаат за Стево Пендаровски.

-Се прават големи патриоти, националисти, вмровци. Но дали знаете дека Груевски доаѓа од Демократска Алтернатива, Христијан Мицкоски од Социјалистичка Партија, а Гордана Силјановска била во Владата на СДСМ. Целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е инаку од Народна партија. Биле тврдокорни вмровци.. Само власт ги интересира. Спремни се државата да ја пуштат низ вода само да се вратат на власт, ама мало сутра, веќе назад нема, нема враќање. Избравме вистински пат и од него откажување нема, истакна Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега