Заев: Владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, очекувам да добиеме датум

 

Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда, изјави македонскиот премиер Зоран Заев, коментирајќи го амбиентот во пресрет на самитот на Советот на Европа.

Останувам силно убеден дека ќе добиемe датум за преговори, нагласи Заев пред почетокот на вечерашната 159 владина седница што се одржува во Битола.

-Синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда.  Утре почнува министерскиот Совет каде ќе ги знаеме првите индиции, а на 17 и 18 октомври ќе заседава Советот на Европа. Останувам силно убеден дека ние ќе добиеме датум, односно одлука за почеток на преговорите со која дефинитивно и оние аспирации на Франција за вградување на нова методологија со која ќе се даде фер шанса на сите земји што преговараат или ќе преговараат како што сме ние, да имаат можности и ако имаат добри перформанси да успеваат да одат напред, а ако некои од перформансите ги уназадуваат, тогаш да се вратат назад. Тоа е таа дискусија која што се води. Нема земја што во последниве 20 години што заслужила повеќе од Република Северна Македонија да ја добие оваа одлука за почеток на преговорите, изјави премерот Зоран Заев вечерва во Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега