Заев: Владата како и досега во пандемијата, ќе продолжи да им помага на работниците, компаниите и граѓаните

 Претседателот на Владата Зоран Заев денеска се обрати на 11-тата политичката академија на Институтот за социјална демократија Прогрес од каде упати порака дека социјалдеморатската Влада, како и до сега во пандемијата, ќе продолжи да им помага на работниците, компаниите и да се грижи за здравјето на граѓаните.

– Социјалдемократијата и кај нас и во светот е исправена пред сериозни предизвици во справувањето со коронавирусот. Во време кога вирусот е закана по здравјето и економијата, државата, владата, институциите се тие што мора да застанат зад граѓаните, напиша Заев на Фејсбук.

Како одговорна социјалдемократска Влада, додава тој, токму тоа го правиме уште од почетокот на кризата.

– Презедовме одлучни чекори да ги помагаме работниците, самостојните вршители на дејности, компаниите кои ќе претрпат загуба, најпогодените стопански гранки и да ги заштитиме најранливите категории граѓани. Тоа во следниот период ќе продолжиме да го правиме уште повеќе и уште подобро. Им благодарам на учесниците на Политичката академија за квалитетната и искрена дискусија, пишува Заев на Фејсбук. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега