Заев: Ветинг во судството по парламентарните избори

Процесот на ветинг во судството ќе биде разгледан по предвремените парламентарни избори на 12 април, пишува „Порталб.мк“.

-Ветингот во судството е постапка што најверојано ќе започне веднаш по парламентарните избори. Со одлуката за парламентарни избори се менува просторот, и  ќе имаме техничка влада, која, според законот, не смее да се занимава со организирање и поддршка на вакви постапки, вели премиерот Заев на прашање на „Порталб.мк“.

Инаку, вчера ДУИ најави дека темата “ветинг” ќе ја вклучи во изборната програма.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега