Заев вели дека не се подготвени за втора „метла“, а Османи дека се прават анализи за работата на секој директор

Одлуките за смена на директорите и заменици-министрите нема да бидат донесени утре. Пред четири дена, премиерот Зоран Заев, најави дека на 9-ти јули ќе се одлучува за имињата кои ќе бидат опфатени со „метлата“, а денеска за ТВ21 кажа дека „сѐ уште не се подготвени за такво нешто“ и дека се уште разговараат со кандидатите.

Вицепремиерот Бујар Османи, пак, вели дека ДУИ прави анализа за работата на секој директор и дека во нивната партија ќе започне длабок процес на реформирање.

-Овој процес сѐ уште не заврши. Дебатираме во партијата во однос на овој аспект, но и со коалицискиот партнер за да ги пополниме местата. Така што, во моментов нема нешто конкретно. Разговараме. Во моментот кога ќе има конкретни имиња или промени, јавноста ќе биде информирана навреме-изјави Османи.

Портпаролот на интегративците, не откри кои директори можат да бидат сменети.

Извори на ТВ21 велат дека ова се директорите од редовите на ДУИ кои има шанса да бидат сменети:

Вулнет Адеми – директор на Агенцијата за странски инвестиции

Ејуп Рустеми- директор на „Македонска пошта“

Гајур Кадриу – директор на „Македонија пат“

Ирфан Асани – директор на „Македонски железници“

Бардил Насуфи – директор на Бирото за јавни набавки

Хулуси Беќири – директор за Управата за задолжителни резерви на нафта

Руфат Хусеини – директор на Државниот инспекторат за транспорт

Шкодране Дардишта – директорка на заеднички служби во Универзитетски клинички центар

 Премиерот најави дека ќе бидат сменети од 20 до 25 директори. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2019 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега