Заев: Утре гледајте, ќе биде интересно со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев за утрешниот ТВ-дуел со Христијан Мицкоски во рамки на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 денеска ги повика граѓаните масовно да го следат телевизиското соочување. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е тешко да се дебатира со него бидејќи „е неодговорен“.

Тежок, неодговорен, за многу важни работи не помага на државата. Разбирам дека опозицијата треба да е критична, но треба да е реална и одговорна. Јас бев 21 месец во опозиција – рече денеска Заев, одговарајќи на прашање на трибината во Куманово „Фер општество, Шанса за сите“.

Тоа ќе биде второ соочување на двајцата политички лидери, по ланското на јавниот национален сервис.

Ги повика младите да не чеклаат работно место во јавната администрација затоа што така ќе ги загубат своите креативни сили.

Доаѓа мониторингот на ЕУ, доаѓаат институции кои ќе стават ред. Младите да не бараат работа во јавната администрација, така може да ја загубат креативноста“, рече Заев.

Тој додаде дека е потребно да се развива приватниот сектор, а не да се форсира јавниот, бидејќи така долгорочно државата не може да се развива.

70 милиони евра имаме во буџетот за поддршка на стопанството. Од нив 12 за финансиска подршка и 13 за привлекување на инвестиции, рече премиерот.

Додаде дека се размислува за идејата државата да ги доплаќа придонесите за работниците доколку работодавците им ја зголемат платата за 100 евра

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2019 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега