Заев: Тутунарите ќе ги добијат субвенциите по административните проверки

 

Премиерот Зоран Заев попладнево соопшти дека субвенциите за тутунот се обезбедени, а производителите ќе ги добијат по целосно завршување на административните проверки, но не подоцна од десет дена.

Одговорајќи на пратенички прашања, Заев нагласи дека Министерството за земјоделство пред секое исплаќање на поддршката мора да ги провери сите податоци. 

- Сакам да знаат и земјоделците, во делот на пресметките и подготовките за ипслатата на субвенциите, многу често МЗШВ мора да ги провери сите податоци, од матични броеви до сметки, за да пушти пари. По завршување на контролата, за не повеќе од десет дена, ќе бидат исплатени парите за тутунот. Парите се обезбедени, ги има на буџетските сметки, штом завршат административните процедури и нив ќе ги исплатиме, потенцира премиерот. 

 

 

 

26.04.2018 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега