Заев- Трудо: Поздравено скорешното полноправно членство на Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со премиерот на Канада Џастин Трудо, соопшти владината прес служба.

На средбата со канадскиот премиер, на која присуствуваа и заменик претседателката во владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик претседателот во владата за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, беше поздравено скорешното полноправно членство на Македонија во НАТО, како резултат на успешните реформи кои дојдоа со враќањето на демократијата во земјата и со засилување на евро-атлантските интеграциски процеси.

Премиерите Заев и Трудо низ разговорот на средбата ја афирмираа определбата на двете земји да градат посилни пријателски односи, сега и како сојузници во алијансата, и потенцираа дека и двајцата ќе се заложат за зајакнување на економските врски и на промоцијата на можностите за инвестиции на компаниите од бизнис заедницата на Канада во нашата земја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега