Заев: Треба да се реагира брзо, согласно законите, да се постави вршител на должност на СЈО

Премиерот Зоран Заев по Централниот Одбор на СДСМ на прашањето дали има решение за наследник на Катица Јанева, тој изјави дека треба да се реагира брзо во изботот на наследник на Јанева, но тоа е уште една причина што е можно побрзо да се донесе аконот за СЈО.

„Значи во делот на она кое што го слушнав преку медиумите, од страна на Државниот Јавен Обвинител, апсолутно го сфаќам, ги консултирав правниците во Социјалдемократскиот сојуз, но и Министерот за правда во Владата. Дефинитивно, треба да се реагира брзо, согласно законите, да се постави вршител на должност на СЈО. Но, самото тоа е уште една причина, за сите нас политичарите и за власта и за опозицијата, и за пратениците од македонската, албанската, бошњачката, туркста, влашката и сите други заедници во државата, поскоро да го донесеме Законот за ЈО. Јас сум информиран дека се прават напори, утре веќе, работните групи, помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да продолжат со работа. Ги охрабрувам да продолжат брзо со работа, заради тоа што идната седница, во вторник Парламентот почнува со работа, Законот е веќе пуштен, деновите се броени, и верувам дека треба на крајот да ги покажеме нашите ставови преку одлуките за Законот за ЈО. Законот за ЈО и досега имаше причина зошто да биде донесен, не подоцна од 15 септември, тогаш истечува мандатот на Катица Јанева. Првата прилика е заради тоа што е Закон за ЈО, тоа е пола од правосудството во државата и треба да го има, значи важно е за граѓаните и за државата.

Вториот дел е за да не оставиме било каков аргумент на земјите членки на Европската Унија кога ќе донесат одлуки за отпочнувањето на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, а тоа е некаде средината на октомври, иако во Извештајот никој не го бара тоа од нас, ние треба да покажеме дека продолжуваме со работа, и еден ваков сензитивен закон имаме капацитет како држава да со институциите во Парламентот да го донесеме, и еве секако трета причина, СЈО е обезглавено во моментот, затоа што е одредена мерка притвор на шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, тоа се причини повеќе, институциите на системот да продолжат да работат. Јас, како претседател на најголемата политичка партија во државата и премиер, влегувам во разговори со пратениците, редот е со консензус да го донесеме овој закон, апелирам до ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДСМ, апелирам и до СДСМ, тоа и го дадов како инструкции, да ги приближат своите ставови во изнаоѓањето на решението, но и ќе разговорам со сите политички партии и веќе разговарам со голем дел на претставници на политичките парламентарни групи и претставници на парламентот кои што се во нашата земја за обезбедување на дво-третинско мнозинство, но истовремено апелирам Советот на јавни обвинители, да постапува согласно закон, заради тоа што, само ќе напоменам, како што се толкувањата овде, правните советници со кои што јас работам и Државниот јавен обвинител се бира во парламентот. После разрешувањето на обвинителот Зврлески, а пред изборот на обвинителот Јовески, Советот на јавни обвинители поставил вршител на должност – Републички јавен обвинител. Соодветно на ова, законот не забранува да биде поставен вршител на должност Специјален јавен обвинител, секако се надевам за неколку дена ако треба, заради тоа што нашата надеж е дека треба низ законско решение, со консензус, сите застанати да го донесеме Законот за јавното обвинителство преку кое што се дава иднина на Специјалното јавно обвинителство“рече Заев.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега