Заев-Тимоние: Македонија оди во правилна насока, ја има поддршката од Франција

 

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние денеска на средба со премиерот Зоран Заев оценил дека државата оди во правилната насока и оти ја има поддршката од Франција во интеграциските процеси.

Владината прес- служба соопшти дека на средбата премиерот Заев истакнал дека добиената покана за почеток на пристапни преговори со НАТО и најавениот датум за почеток на преговорите со ЕУ, за Македонија и за граѓаните се почеток на реализација на стратешките цели.

Македонскиот премиер најавил дека во следниот период уште поактивно ќе се посвети на економскиот развој што се отвара како перспектива од активираните евроатлански интегративни процеси.

Заев изразил уверување дека граѓаните на претстојниот референдум ќе донесат одлука за нивната иднина. 

Разговарано е и за повеќе актуелни политички прашања и констатирано е дека функционирањето на правната држава е од голема важност за граѓаните и за државата. 

 

 

 

13.07.2018 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа