Заев со порака до граѓаните: Земете ја апликацијата и вратете си ги парите од ДДВ

Премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук и им упати порака на граѓаните каде да ја земат апликацијата за ДДВ.

- Преземи ја апликацијата МојДДВ и оствари поврат на 15% од платениот ДДВ. Преку апликацијата МојДДВ ќе имате можност да гo скенирате кодот од фискалните сметки и да го остварите правото на поврат на 15% од платениот ДДВ, напиша Заев.

 

Инаку, можноста за поврат на 15 отсто од ДДВ ќе биде достапна за сите граѓани со наполнети 15 години кои се регистрирани на системот на Управата за јавни приходи. Ќе треба да ги земат фискалните сметки на продажните места и да ги скенираат преку мобилен телефон и да ги испратат на апликацијата што ќе биде достапна на страницата на УЈП.

Повратот на ДДВ ќе се прави преку скенирање баркодови на фискалните сметки најдоцна во рок од 10 дена од издавањето на сметката. Ќе важи само за граѓаните и за фискални сметки до 30.000 денари, но не и за фактури и сметки со сметкопотврди. Нема да се однесува за сторнирани фискални сметки и ќе препознава дали сметката е исправна или не, односно фиктивна компјутерска. На ранливите категории и постарите лица кои не се во можност да го направат тоа ќе им помагаат мобилните екипи и мобилните даночни шалтери на УЈП и 80 волонтери. Ќе има на располагање и баркод читачи, мобилни телефони во сите организациски единици на УЈП преку кои ќе се врши читањето и киоск апарати, а на еден мобилен телефон ќе биде оставена можност да има повеќе профили.

За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ граѓаните нема да се плаќа персонален данок.Првата исплата ќе биде во декември 2019 година директно на сметките на граѓаните, а потоа на секои три месеци, односно во февруари, мај, август и ноември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2019 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега