Заев: Следува инвестициски циклус од околу 5 милијарди евра

Премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук најавува дека во Република Македонија следува инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.

– Проектирани се една милијарда во патишта, над една милијарда во железница, над една милијарда во енергетика – со ХЦ Чебрен, со далекуводот кон Албанија и со гасоводот. Инвестираме и во нов Клинички центар, во земјоделството и руралниот развој, во пречистителни станици за отпадна вода, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за реалните потреби на сите граѓани, истакнува премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.08.2019 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега