Заев: Сите опции се отворени, ќе биде составена влада којашто ќе истрае 4 години

Сите опции се од сега отворени, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање по завршувањето на Конститутивната седница на Собранието.

Во своето излагање Заев изрази очекување дека ќе биде составено ново парламентарно мнозинство и влада којашто ќе истрае 4 години и којашто ќе почне поинтензивно да се залага за економските прашања.

Заев најави намалување на бројот на министерствата без ресор.

Во одговори на новинарски прашања, Заев рече дека процесот на преговори за составување на ново парламентарно мнозинство веќе може да почне и оти ќе ги слушнат понудите и ставовите на сите страни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа