Заев: Секој е менлив зошто ова е држава на граѓаните

Очекувам новите избрани функционери да работат чесно и достојно и да знаат дека нивната работа ја следат граѓаните. Секој е менлив, затоа што оваа држава е на граѓаните. Премиерот Зоран Заев го напиша ова на Фејсбук по прес-конференцијата денеска на која откри дека метлата заиграла за повеќе директори.

- „Започна постапката за разрешување на носителите на раководни функции, како и членови на Управни и Надзорни одбори. Очекувам новите избрани функционери да работат чесно и достојно и да знаат дека нивната работа ја следат граѓаните. Секој е менлив, затоа што оваа држава е на граѓаните, постои заради граѓаните и граѓаните гласно зборуваат за своите очекувања. Ова е потребно за да бидеме подобар сервис, да бидеме поотчетни, да ја тргнеме ароганцијата којашто постоела", напиша Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега