Заев: Секогаш кога сум зборувал за „Монструм“ сум оставал резерва

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање истакна дека секогаш кога давал изјави или одговарал на прашања за петкраткото убиство кај Смилковско езеро оставал резерва.

-Секогаш кога кога сум давал одговор на овие прашања, колку и да поминаа години сум оставал резерви, зборувајќи за свои впечатоци, за тоа што сум го видел. И секогаш, ама буквално секогаш дека последниот збор треба да го имаат правосудните системи откако ќе ги видат тие согледувања кои што јас сум ги видел во самите докази, рече Заев.

Појаснува дека тој ниту е правник, ниту истражител за да може да споделува ставови.

-Сум го споделувал тоа што сум го гледал, а сум кажувал дека на крајот се знае кој ги носи одлуките, а тоа се правосудните инстанци во нашата земја, рече Заев.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега