Заев се пишмани: Нема да испрати протестна нота до Борисов

Нема потреба да се реагира со нота на изјавите на Бојко Борисов дека Пендаровски е северномакедонски претседател. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција со што потврди дека се предомислил за праќањето нота.

- За вакво прашање не се испраќа протестна нота. Таа е чин на непријателство, вели Заев.

Премиерот додава дека треба да се разговара за проблемите.

За потсетување, бугарскиот премиер Бојко Борисов го нарече македонскиот претседател северномакедонски на маргините на Самитот во Сараево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега