Заев се огласи на Фејсбук: Жените во Северна Македонија мора да се еднакви

Премиерот Зоран Заев се огласи на Фесјбук.

Жените во Република Северна Македонија треба и мора да се почувствуваат еднакви, сигурни, почитувани, вклучени и целосно интегрирани во општество со нулта толеранција за било каков облик на насилство.

На презентација на Извештајот на ОБСЕ за благосостојба и безбедност на жените истакнав дека покрај досегашните напори на Владата, работиме на нови и јасни законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство.

Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кои се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички и да ставиме крај на истото. Наша заедничка обврска е тоа да го овозможиме. Да нема дилеми - жените се нашата сила за напред и наши еднакви партнери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега