Заев се огласи на Фејсбук по терористичкиот напад во Нов Зеланд

Заев се огласи на Фејсбук по терористичкиот напад денеска во џамија.

- Длабока е жалоста и огорченоста за загубените животи во масовните терористички напади во двете џамии во градот Крајстчрч.

Во писмото до Н.Е. г-ѓа Џасинда Ардерн, премиерка на Нов Зеланд, во мое име, во името на Владата на Република Северна Македонија и во името на сите наши граѓани, упатив изрази на жалење и длабоко сочувство за загубените животи, како и желби за брзо закрепнување на повредените лица.

Во овие тешки мигови за Нов Зеланд и за целиот свет ужаснат од овој настан, најостро го осудуваме овој терористичкиот напад и ја изразуваме нашата целосна солидарност со пријателскиот народ на Нов Зеланд.

Овој грозоморен чин нè зацврстува во уверувањето дека меѓународната заедница мора да биде единствена и решителна во борбата против сите форми на тероризам и насилен екстремизам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега