Заев: Сашо Мијалков немаше друг избор – се пријави во Обвинителството

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција пред зградата на Владата истакна дека пораншениот шеф на тајната полиција нема друг избор освен да се пријави во Обвинителството за огранизиран криминал и корупција.

-Во координација со неговите адвокати кои што беа неколку часа претходно во обвинителство се организираше да се јави во самото Јавно обвинителство зашто потрагата беше пуштена насекаде, во сите објекти, во сите можни објекти каде може да биде скриен и слично. Затворени влезовите и излезите на Скопје, граничните премини. Инструкциите кои што по оваа координација уште наутро беа дадени во функција на имплементирање на Закон. Организирање и помагање на бегство се одговара согласно Закон. Организирање прават обезбедување, членови на семејството... Паднаа сериозни наредби да се постапи токму по нив, со заплена на имот, со блокирање и жолти траки на Мериот, со сѐ што треба да направиме, рече Заев.

Вели дека никој не се заканувал, туку институциите постапиле во делокругот на својата надлежност.

Заев рече дека иако Мијалков се појави во Обвинителството, тој сепак избегал.

-Секако, Обвинителството и Судот неговото пријавување во Обвинителството никако не треба да се смета за олеснителна околност, ниту за овој, ниту за било кој друг случај зашто не треба да се заборави дека Мијалков првично избега, односно не беше достапен за правосудните и органите на полицијата, рече Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега