Заев: Резултатите од пописот нема да влијаат врз стекнати права

Каква било бројка на процентуална застапеност да покаже пописот нема да се одрази врз стекнатите права, Уставот, законите, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

Како што кажа тој, бројките може да се релативни како резултат на слободното движење на луѓето.

„Тоа е статистичка и реална постапка. Нема да има никаква рефлексија во делот на стекнати права…тоа се стекнати права и можни се варијабли, во глобално село на миграции, на заминување и враќање на граѓаните, во државата, професионални ангажмани, дефинитивно не треба и нема да влијаат на ниту едно од веќе воспоставените законски решенија“, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега