Заев: Прво нека заврши истрагата – немаме проблем со Собрание на дебата да се одговорат сите прашња за трагедијата во Тетово

Истражните органи прво да ја завршат работата, а немаме проблем во Парламентот да бидат повикани сите претставници за на дебата да се добијат одговори што народот сака да ги слушне, истакна премиерот Зоран Заев во врска со истрагата за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово од 8 септември, во кој изгореа 14 луѓе.

 

-Не бегаме од транспарентност и придонесот да се откријат сите детали и се дадат сите одговори за тоа што се случило во Тетово како причина за предизвикување на пожарот и самиот пожар. Но, како што е редот – прво да оставиме истражните органи да ја завршат работата. Не може политичките претставници да бидат главни носители на истрагата – не заради политиканство, не заради било што. Кога ќе заврши истрагата таа ќе биде соопштена, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања на промоцијата на НАТО центарот за поддршка домашни компании.

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија во Собранието за да се сослушаат сите страни во врска со трагичниот настан, премиерот одговори дека парламентот го има тоа право и го практикувал во минатото да отвори дебата преку посебната анкетна комисија за да се разговара за сите детали.

-Првиот репрезент на нашиот народ е Парламентот и немаме проблем таму да бидеме и да ги дадеме неопходните одговори кои нашиот народ сака да ги слушне, додаде Заев.

Одговори и дека „не мисли да го резреши“ министерот за здравство Венко Филипче поради писмото кое вчера го пратија хирурзите од Градската општа болница „8 Септември“, незадоволни од условите за работа и тоа што функционираат само две хируршки сали.

 

25.09.2021 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега