Заев: Просечната плата расте, парите одат кај народот

Просечната плата продолжува да расте, мерките на Владата ги даваат своите резултати. Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

- Покрај зголемувањето на платите, парите ги насочуваме кон граѓаните преку субвенции, поврат на данок, намалување на данокот за парно греење и финансиска поддршка за отворање на нови фирми. Граѓаните добиваат повеќе слободни средства за подобар живот, напиша тој.

 

 

Заев го објав статусот откако Државниот завод за статистика објави дека просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25 205 денари и е за 4,1 отсо поголема од јуни минатата година.

Во јуни 2018 години просечната нето плата била 24 203 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега