Заев: Продолжува растот на Технолошко-индустриските развојни зони

Премиерот Зоран Заев уверува дека продолжува растот на ТИРЗ-овите

-Согласно анализите на ТИРЗ, регистирани се рекордни економски активности во првите осум месеци од 2021 во однос на минатите години. Вкупниот извоз во првите осум месеци во зоните достигна 2,04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 и речиси 32% повеќе од 2018 година. Регистриран е и раст од 7,15% на бројот на вработени споредено со истиот месец лани и бележи стабилно ниво од над 14.000 вработени во компаниите, напиша Заев на социјалните мрежи.

Вели дека најавени се и нови странски инвестиции во Штип, Кичево и Скопје, со вкупен обем од над 54 милиони евра.

-Од почетокот на годината се потпишани или се во фаза на реализација договори за нови инвестиции од речиси 160 милиони евра, вели Заев.

15.09.2021 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега