Заев: Препознатливи сме по тоа што низ дијалог си го организиравме животот, посветени на секој граѓанин

„По многу работи денес сме препознатливи, а една од работите е дека низ дијалог си го организиравме животот. Заедно, посветени на секоја индивидуа, на секое семејство, на секој граѓанин со комплетна тенденција да постигнеме една еднаквост што ќе ја зајакне солидарноста и меѓусебното почитување“ кажа премиерот Зоран Заев на на тематската седница на Владата посветена на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Тој кажа дека кога ќе не прашаат што можеме да дадеме на светот, да одговориме дека тоа е нашиот соживот, нашата организација на живот овде, начинот на кој најдовме решение и за најгорливите прашања.

„Дијалогот, дипломатијата, меѓусебното разбирање, солидарноста се нешто кое што можеме да го споделиме и да им го поклониме на многу поразвиени земји, кои што за жал ги имаат предизвиците кои Северна Македонија ги имала многу порано“ кажа Заев.

Премиерот Заев остави аманет да го чуваме постигнатото во овие 20 години и кажа дека нашите стратешки партнери, САД и ЕУ, биле тука и пред 20 години, а тука се и денес.

27.07.2021 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега