Заев: Прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија

Прашањето за Гоце Делчев е за решавање во рамки на Комисијата, а не е на политиката. Сакаме ова прашање да го реши Комисијата, како што најде добри решенија за Свети Кирил и  Методиј, Свети Наум, Климент Охридски и цар Самоил, да го реши и ова во духот на таа заедничка историја,  заради заедничко славење. Верувам дека ќе го најдат решението и за Гоце Делчев, наше е да охрабриме.

Ова вечерва го истакна премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“. Според него, договорот меѓу Македонија и Бугарија треба да обединува и да гради мостови.

Заев истакна дека е многу важен пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

-Важно е дека во Договорот Бугарија зема обврска да не подржува во нашите европски и евроатлантски интеграции. И Бугарија, тоа го прави, не само фигуративно, рече премиерот Заев нагласувајќи дека поддршката од бугарска страна за Македонија, Албанија и Западниот Балкан е очигледна, враќајќи го фокусот на Европа на овој регион.

Тој посочи дека во телефонскиот разговор со Борисов станало збор за деталите за претстојниот самит на Берлинскиот процес во Софија, за совладувањето на здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 и унапредување на економската соработка.

-Мудрите и паметни политики на неизбрзување, ја направија Република Северна Македонија да биде успешна во исполнување на своите стратешки цели од коишто пак зависи и животот дома, економски и перспективен за сите граѓани, оцени премиерот Заев во врска со прашањето дека Владата не реагираше на Меморандумот кој се појави во јавноста, дека Бугарија поставува услови за Македонија од кои зависи преговарачкиот процес на земјата.

Заев повтори дека е потребна внимателност и да се даде шанса за постигнување на решенија. Тој посочи, дека изминатите 30 години, не научија дека така не се решаваат проблемите, туку само се таложат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа