Заев: Потребни се решенија на намалување на загубите и отпадот на храна

 Премиерот Зоран Заев денеска по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна на неговата фејсбук страница порачува да се размисли како се справуваме со овој проблем и да се понудат решенија.

-Живееме во свет на хипер продукција на храна, но и на големи количини храна што завршува како отпад. Околу девет отсто од светската популација не може да си дозволи дневен оброк и крајно време е да го реобмислиме нашиот пристап кон овој проблем, пишува Заев на ФБ.

Денешниот Меѓународниот ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна, посочува, да го употребиме за секој од нас да размисли како се справуваме со овој проблем и да понудиме лични, регионални, национални и меѓународни решенија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега