Заев: После најавата за „метла“ некои се препознаа и уште денес се понудија

Триесет години се бориме за НАТО и ЕУ, нема да дозволиме Силјановска да ја уништи таа борба и да дава аболиции, порача заев од трибина за граѓаните во Тетово.

 Тој додаде дека главна задача на оваа Влада и на идниот претседател на државата Пендаровски ќе биде да се осигура правната држава и владеење на правото и дека тој императив мора да се постигне.

„Правдата и законите мора да важат еднакво за сите“ додаде Заев.

„Знам каде се слабите карики, знам кој гризе да сработи. Едно е јасно, ќе има промени. После најавата за „метла“ некои се препознаа и уште денес се понудија“  рече Заев на вечерашната граѓанска трибина во Тетово на којашто уште еднаш се повикаа граѓаните масовно да излезат и да го дадат својот глас за кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

-Дел од граѓаните не се незадоволни од централната политика и од договорите со Грција и Бугарија или рамковниот договор, туку од оние функционери кои станаа од големото добро утро, а не знаат ни добар ден да кажат, но пораката е примена и ќе има промени, рече Заев.

Тој се осврна и на резулатот на опозицијата и рече дека ако опозицијата беше добра ќе напредуваше во бројот на гласови, но тие паднаа надолу.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2019 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега