Заев: Пописот и треба на земјата како леб

Премиерот Зоран Заев потврди дека лидерската средба ќе се одржи во петок во 14 часот без разлика дали на неа ќе присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Подготвен сум да разговарам за сите теми, тоа е обврска наша. Прво мора да се договориме за пописот и изборниот Законик, а би било добро да дојде и Мицковски. Пописот и треба на државата како леб. Има уште двајца лидери освен мене, рече денеска Заев на прес конференција.

Заев додаде дека нема да исполнува желби за предвремени избори иако знаел дека власта ќе победи.

За потсетување, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, вчера на прес-конференција околу случајот „Рекет" кажа дека нема намера да оди на лидерска на која нема да се зборува за предвремени избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега