Заев: Поднесовме пријави за бомбите кои се пуштаат сега

Од 1 јуни 2017 наваму нема никакво прислушување, тврди претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за МИА. Поранешниот премиер кој од опозиција објавуваше снимени телефонски разговори вели дека сега поднеле кривични пријави за незаконско прислушување и незаконско снимање. Во изборната кампања секојдневие е објавувањето на разговори кои се стекнати незаконски. 

„Поднесовме веќе кривични пријави за незаконско прислушување, за незаконско снимање кое што се случува и бараме тоа да се истера на крај. Точно, не заради тоа што се плашиме од тие разговори, а тоа е пример како треба да се однесуваат и сите други коишто се цел на вакво незаконско прислушување. Законот вели дека е кривично дело незаконското прислушување дури и кога седиме на состанок и некој снима не мора телефонски да разговараме, снимањето е недозволиво, секако освен ако е објавено јавно за потребите на стенограми или било што од одредени состаноци.За тоа треба да постои одговорност. Но нека им е на чест на нашите опоненти тоа што го прават со цел., вели Заев.

Додава дека кога СДСМ објавуваше прислушувани разговори тоа го направила транспарентно. 

„Излеговме на говорница, штитејќи ја комплетно приватноста на луѓето, секаде каде што постоеја индиции за криминал или неетичко однесување со тенденција за криминал, тоа јавно го објавивме, го составивме и срочивме во кривични пријави и го доставивме до тогашното ЈО коешто помина понатаму во СЈО. Така да, кукавички е да се пуштаат разговори на начин на којшто се крши законот денеска тоа е типично само за опозицијата. СДСМ секојпат тоа го правел согласно закон како што е дозволено, објавувајќи со кривичнипријави во времето кога дури и кога не беа забранети јавните објавувања на разговорите, додава тој.

На констатацијата дека има бомби и за опозицијата тој вели дека пријавите ги поднеле за сите што објавуваат без разлика дали таргет е опозицијата, дали таргет е Заев, владејчката партија или опозиционата партија или кој било граѓанин. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа