Заев: Подготвени сме да примиме и илјадници бегалци од Авганистан – потврдено е дека ќе пристигнат уште 70 нови

Премиерот Заев  при гостување во дневникот на Сител кажа дека сме спремни да примиме и до илјадници бегалци од Авганистан.

-Првата причина е хуманоста и солидарноста, а втората е обврската како земја членка на НАТО, се работи за миротворци, активисти за човекови права, преведувачи, жени и деца, не се работи за милитарци,џихадисти..., рече Заев.

Не треба да се биде голем или богат за да се покаже големо срце, вели Заев

- Луѓето се под закана на губе ње на животот. Ние се понудивме, први беа Северна Македонија и Албанија, нашите капацитети се по илјадници, 1000, 1200... Потврдени се 450 , а сега се потврдени уште 70 миротворци“ рече Заев.

 

19.08.2021 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега