Заев по средбата со Јане: Покажавме дека ако се сака, сè се може

Мотивацијата и храброста на Јане е инспирација за изнаоѓање вистински начини за олеснување на животот на луѓето со ретки болести. Покажавме дека ако се сака, сè се може, мораме да наоѓаме начини да им помогнеме на нашите деца, на младите, да видат дека државата се грижи, дека е тука заради нив. Ова го напиша денеска премиерот Заев по средбата со малиот Јане.

- Единаесетгодишниот Јане е едно од седумте лица со спинална мускулна атрофија за кои државата го обезбеди лекот „Спинраза“, најсовремена терапија во светот за лекување на оваа болест и тој веќе прими две терапии од лекот кој како што информираа неговите родители има одлични резултати за запирање на прогресијата на болеста, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега