Заев по изборите ќе ја намалува државната администрација

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 изјави дека по претседателските избори се планира намалување на државната администрација.

На новинарското прашање поставено од Алберт Муслиу дали после изборниот циклус владата планира посериозни и посмели активности не само во правосудство и туку во администрацијата, Заев рече дека намалувањето на администрацијата е всушност реформата која ќе ја споревед владата на СДСМ после изборите.

-Да намерата ни е да ја намалиме јавната администрација и се прават анализи тоа е дел од реформите, вели Заев.

-Генерално сакаме да ја намалиме, притоа што преку пат на понуди на вработените во јавната администрација ќе им се понуди алтернативна, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега