Заев: Ова е историски Самит на НАТО за Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев, кој денеска присуствува на Самитот на Северноатланскиот совет, истакна дека ова е историски самит за Северна Македонија и оти стоиме рамо до рамо заедно со сите членки на НАТО и сведочиме за нејзиното единство.

Заев рече дека пред нашите сојузници истaкнал дека сме посветени на визијата за Балканот во 21 век како регион на мир и стабилност.

-Посветени сме да изградиме нов Балкан со зајакната регионална соработка. Затоа е важно балканските земји да имаат јасни визии, рече премиерот.

Тој му се заблагодари на Столтенберг за креирањето на агендата 2030 и за широките консултации. Агендата, според Заев, навреме ги адресира промените и го прави НАТО подготвен за 21 век.

Претседателот на Владата Заев, заедно со лидерите на земјите – членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно  на пленарната седница на Северноатлантскиот совет.

Шефовите на држави и влади на oвој Самит се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност.

Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена НАТО ги засилува позициите наспроти предизвиците за заедничко да донесување одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО и неговата клучна улога во иднина, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

-Лидерите на НАТО и на земјите членки се едногласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици, и дека трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации членки на Алијансата безбедни. На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот, соопшти претхдно владината прес-служба. 

14.06.2021 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега