Заев: Отворено делуваме за поголема родова рамноправност

Претседателот на Владата, Зоран Заев, преку видео обраќање го отвори вториот панел на тема „Заложбите на мажите за родова еднаквост“ во рамки на конференцијата „Жените во меѓународната политика“ во организација на Министерството за надворешни работи.

„Улогата на жените во сите сфери на македонското општеството е значајна и важна. Нивната активна улога во креирањето и реализирањето на важните стратешки политички прашања од интерес на земјата ќе придонесе за афирмација и реализација на родово свесна политичка определба во подобрување на родовата еднаквост во областа на политичкото учество, а со тоа и учеството на жените во надворешната политика“ - потенцираше Заев, во своето обраќање.

14.09.2021 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега