Заев откри каде и со кој ќе оди на одмор ова лето

Не се правам дека ќе работам цело лето, ќе одам и на одмор, кажа премиерот Зоран Заев на денешното гостување во Телевизија Клан.

-Сакам да одам во Грција затоа што две години не сум бил. Повеќе ми е важно да ги убедам ќерката и синот да дојдат со мене. Ќерка ми ми е матурантка, 18 години, па може и ќе оди со момчето, а за тато белким ќе најде време барем за тие денови. Може ќе одам кај пријателот Алексис Ципрас. Охрид не ми бега за викендите. Имам намера во текот на август после Илинден, да се одморам. Како ќе кажат сопругата и децата, мене ми е важно да дојдат тие, затоа што тие како што знаат да ги наполнат батериите не знае никој - кажа Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега