Заев: Одлуката на Богоевски е храбра

Павле Богоевски денеска на седницата за одземање на мандатот на Груевски, поднесе оставка по скандалот со видеото кое се појави, за кое тој тврдеше дека нарачува масло од канабис за медицински цели. 

Тој на седницата за одземање на мандатот на Груевски кој шест месеци е неоправдано отсутен, кажа дека гласот за одземање на мандатот, ќе биде негов последен глас во Собранието. По скандалот се решил да поднесе оставка, информираше денеска.

За премиерот Заев одлуката на Богоевски е храбра. Заев рече дека веќе еднаш кажал оти секогаш кога приватниот живот на пратеникот нема влијание врз извршување на работите тој нема ништо против, но дека е негово право и негова одлука.

 

- „Тој е одличен партеник и е еден од симболите на Шарената револуција, а најголемиот симбол се сите наши граѓани секако. Ќе ми биде задоволство да продолжам со таков човек да работам, тоа мора да го кажам, затоа што знам овој парламентарен состав каква капацитетност покажа и донесе многу тешки одлуки. Знам како се димензионираа многу програмски определби, многу успеси на оваа земја во кои беше вграден пратеникот Павле Богоевски. Верувам, како и да одлучи, во кој сегмент од својот живот да работи ќе ми биде драго да соработувам со него. Затоа што си ја сака земјата до небото, сака да се вгради во нејзиниот успех и верувам дека ќе најдеме начин за идни соработки. Ја поздравувам одлуката која е храбра и понесување на одговорност дури и за етички работи за кои граѓаните од нас политичарите очекуваат да повлечеме и чекори“, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега