Заев одликуван во Атина за неговиот голем придонес во унапредувањето на економските и политичките врски меѓу Грција и Македонија

На премиерот Зоран Заев денеска во Атина му е врачено одликување како признание за неговиот голем придонес во унапредувањето на економските и политичките врски меѓу Грција и  Македонија од страна на претседателот на Атинската трговско-индустриска комора, Константинос Михалос.

Од владината прес-служба информираат дека претседателот на комората Михалос искажал голема благодарност за посветената работа на премиерот Заев и за неговите заложби за зацврстување и унапредување на економската соработка меѓу двете земји.

На средбата присуствувале истакнати стопанственици, членови на комората од повеќе сектори како енергетика, индустрија, ИТ индустријата, фармацијата, кои искажаа интерес за инвестирање и за нови вложувања со партнери од Македонија.

Премиерот Заев, се вели во владиното соопштение, се заблагодарил за честа за доделеното одликување и за укажаното признание и подвлече дека Владата на  Македонија континуирано се залага за подобрување на деловниот амбиент и за инвестициски вложувања. Посочил дека надворешно-трговската размена на Република Македонија со Република Грција е значајна имајќи предвид дека Грција континуирано се наоѓа меѓу петте најголеми наши трговски партнери.

Со средбата во Атинската трговско-индустриска комора, премиерот Заев ја заокружи дводневната работна посета на Атина и учеството на Економскиот Форум Делфи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега