Заев: Од самостојноста се што добивме беше со маки

Земјава наша од самостојноста ништо лесно не добила, се е со маки, за сите влади наназад зборувам.

Ова го изјави денеска премиерот, Зоран Заев, во врска со очекувањата за добивање на датум за преговори. 

-Драмата ќе биде до последен момент, по состанокот на Министерсткиот совет (ГАК) повеќе ќе се знае. Сепак лидерите на ЕУ ќе пресечат, не нивните министри. Верувам дека одлука ќе ја донесе европскиот совет каде се лидерите на земјите членки, рече Заев додавајќи дека и понатаму е оптимист.

Премиерот најави дека пред почетокот на Самитот на ЕУ на 17 октомври ќе отпатува во Брисел каде ќе разговара со лидерите на ЕУ последен пат пред донесување на конечната одлука.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега