Заев од Прилеп: Сметајте на државата, таа им се најде на граѓаните кога помошта им беше најпотребна

Одговарајќи на прашање од граѓанин на трибина во Прилеп за предизвиците предизвикани од корона кризата, претседателот Заев наведе дел од помошта за граѓаните и фирмите во општина Прилеп.

-Денес  во Северна Македонија 26.636 домаќинства користат гарантиран минимален приход во просек повисок за 300%. Во Прилеп, 1,390 лица го користат овој приход секој месец. На 1,053 фирми, или на 6,566 вработени им беа субвенционирани платите и придонесите само во општина Прилеп. Тоа е 93 милиони денари помош на стопанството во општината до овој момент. Прилепчани добија 15,480 платежни картички до овој момент. Но не застануваме тука, следува дополнителен пакет за помош на стопанството. Сметајте на вашата земја. Таа е тука да се најде на своите граѓани. Создаваме земја која може да му служи на својот народ, заклучи Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега