Заев од Куманово – Грижата за ранливите категории граѓани уште посилна во наредниот мандат

Дванаесет илјади стечајни работници, денеска добиваат месечен надоместок од осум илјади денари за да не бидат без примања, имаат поддршка од својата земја, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев при денешната посета на Куманово, од каде најави зголемување на опфатот на граѓани кои ќе добијат платежна картичка, меѓу нив стечајци, самохрани родители, пензионери со ниска пензија, лица кои се невработени, а не се активни баратели на работа.

-Грижата за сите граѓани државата ја покажува изминатите три години, упорно и посветено се исправаат неправдите,  кој режимот на ВМРО-ДПМНЕ им ги нанел на стотици илјади граѓани, рече Заев.

Во изминативе години, нагласува претседателот на СДСМ биле посветени на подигање на економскиот стандард, извлекување од сиромаштијата на повеќе категории граѓани, приматели на социјална помош, лица со попреченост на највозрасните кои не остваруваат право на пензија.

Заев од Куманово изјави дека и во време на светска, здравствена и економска криза не се откажале од концептот парите назад кај граѓаните, грижа и помош на оние на кои им е најпотребно, потенцирајќи ги одвоените 28 милиони евра преку мерките домашна платежна картичка и ваучер за туризам за над 324.000 граѓани.

– Во следниот период го зголемуваме опфатот на лица кои ќе добијат домашна платежна картичка, покрај досегашните категории во четвртиот пакет на мерки по 9.000 денари на платежна картичка ќе добијат и стечајните работници, пензионерите со пензии до 15.000 денари, самохраните родители, како и лицата кои се невработени, а не се активни баратели на работа, информираше Заев.

Тој рече дека за три години направена е реформа на системот за социјална заштита, социјалната помош е зголемена за 300 проценти, воведени се детски, образовен додаток, проширен е опфатот на деца со овие мерки. И во наредниот мандат, нагласува, ќе се продолжи со социјалната грижа, ќе се обезбеди повисока социјална помош за 34 000 домаќинства, детски додаток за над 65.000 деца, дополнителни мерки, кои, вели лидерот на СДСМ, трајно ќе ги извлечат граѓаните од сиромаштијата.

-Наместо драконска и селективна казнена политика воведена е опомена пред казна и пропорционално казнување, казните за физичките лица намалени се за 75 проценти, донесен е закон за отпис на камати на долгови за физички лица со што, додава, избришани се 10 милиони евра, долгови на граѓаните, пари кои остануваат во домашните буџети. Намалени се и извршителските и нотарските трошоци, цените на катастарските услуги. Овие мерки, истакнува тој, обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и овозможуваат фер и правичен пристап кон секој поеднакво, вели Заев.

Истакна дека СДСМ покажа и докажа дека се грижи за сите, ВМРО ДПМНЕ, како што рече, покажува дека се грижи само за криминалецот во бегство Груевски и неговите криминални соработници.

Тој рече дека граѓаните на 15-ти јули ќе гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните буџети, за фер и праведно општество, правна држава, а не како што истакна, за обнова на режимот кој им ги крадеше парите.

-Обнова на криминалот, обнова на режимот, нема да има никогаш повеќе, порача Заев.
 

Одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Али Ахмети за неговиот став дека ДУИ ќе оди во опозиција ја кажал под дејство на алкохол, Заев истакна дека никогаш во животот не бил во алкохолизирана состојба.

-Ако некој не пие алкохол Зоран Заев е тоа, промаши човекот комплетно. Зоран Заев може да наздрави со македонско вино, да наздрави со домашна ракија, ама под дејство на алкохол, не сум бил никогаш пијан во животот. Можам да дружам, да седам со луѓе во ресторан, секаде каде што се прави муабет, ама под дејство на алкохол ја промашил мојот коалициски досегашен партнер, господинот Ахмети оваа работа, вели Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега