Заев очекува Франција да биде разубедена
Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со Марјан Шарц, премиерот на Словенија, истакна дека очекува Македонија да биде наградена од ЕУ за постигнатото
„Ќе се види точно одлуката на Советот на министри, а потоа и на Советот на премиери. Нашето очекување е позитивно и конечно после 15 години согласно сите заслуги, кои се потврдени 100-отстотно од сите земји. Постигнавме договор со Грција кој се постигнува вообичаено после војна, а ние го постигнавме за време на мир на дипломатски начин со европски манири. Очекуваме да бидеме наградени за да можеме да ги култивираме и другите лидери, за да не се врати Балканот од 19 век. Пораката е дека нашата аспирација не е да станеме веднаш членка, туку да добиеме датум. Знаеме дека процесот ќе трае и треба Европската Унија да биде подготвена за приемот. Верувам дека и земјите кои немаат чист позитивен став, тоа е заради својата дебата дома и заради процесот на проширувањето“, изјави Заев.
Шарец на истото прашање одговори дека Франција до последен момент ќе биде убедувања и дека патот на Словенија кон ЕУ, исто така, не бил постелен со рози.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа