Заев очекува до крајот на годината да отпочнат преговорите со ЕУ

Премиерот Зоран Заев очекува на претстојниот Совет на Европската унија да биде потврдено она што ЕУ го верификуваше преку извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.

– Нашиот народ и нашата земја го заслужија тоа, изјави Заев, додавајќи дека очекува во септември или октомври земјата да добие датум за преговори, а кон крајот на годината да отпочнат преговорите.

Додаде дека ќе се причека германскиот Бундестаг да донесе одлука за старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија по што конечно земјата ќе добие датум за преговори.

– Драго ми е што имаме шанси до крајот на годината да бидеме полноправна членка на НАТО. Тогаш ќе почнат и преговорите со ЕУ така што можеме успешно да ја завршиме оваа година во поглед на интеграциските процеси, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Преспа. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2019 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега