Заев: Објавивме се што знаевме за Мартин Нешковски

Сето тоа што сум го знаел, и сум го објавил на еден транспарентен начин, секојпат кажувајќи за сите детали, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за објавениот аудио разговор во врска со убиството на Мартин Нешковски.

Секогаш кога има пакет на разговори или „бомби“, подвлече, кажуваме само дел од разговорот, а постојат уште разговори поврзани околу одреден момент.

– Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така да автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа, одговори премиерот Зоран Заев, кој денеска беше во посета на локалитетот Стоби. 

Инаку, вчера и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, го обвини за манипулирање со бомбите.

- „Свесно манипулираше со народот… Со семејствата на Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените деца кај Смилковското езеро, со искрените луѓе кои верува на се што слушаа и што им беше сервирано, но и со целата домашна и меѓународна јавност, домашни и странски медиуми и политичари.

Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде.
Во таа криза ја гледаше својата шанса за доаѓање на власт, бидејќи поинаку беше инфериорен и беше и остана неконкурентен политичар надвор од локалното ниво, по речиси сите критериуми.

Ова не е прв ваков случај каде се гледа како манипулирал со снимките и со народот за да не прикаже во најлошо светло. Пред некоја недела се појави целовита снимка на веќе објавена снимка во скратена “Заева” верзија во која изоставил еден дел каде се гледа како наши високи функционери одбиле поткуп, кој Заев ни во сон не би го одбил.

Народот го измами со купишта вакви фабрикувани матерјали и измами, е дел од напишаното.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега