Заев: Обезбедувме средства за 19 капитални, локални проекти, важни за граѓаните ширум земјава

Со веќе усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година, обезбедуваме 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет економски мерки , за поддршка на граѓаните и економијата, за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

-Дополнително, обезбедувме средства за 19 капитални, локални проекти, важни за граѓаните ширум земјава:

Скопје – Реконструкција на Универзална сала

Куманово – Реконструкција на спортска сала Соколaна

Пробиштип – Проект за техничка вода за индустриска зона

Крива Паланка – Канализација Бурови бавчи и Бојанов дол

Кочани – Кружни текови на улица Теодосија Пенов

Охрид – Имплементација на препораките на УНЕСКО

Маврово Ростуше – Еколошко решение за управување со отпад

Центар Жупа – Реконструкција на улица Илиска Краста

Штип – Конзоли за пешаци

Валандово – Изградба на пат Чалакин-Татарни

Прилеп – Улица Кеј Први Мај

Дојран – Дел од канализациона мрежа с. Фурка

Демир Капија – Изградба на канализација

Чаир – Систем за водоснабдување

Тетово – Цевки за систем за водоснабдување

Сарај – Канализациона мрежа

Кичево – Изградба на ОУ с. Црвица

Скопје – Почеток на изградба на клучка кај Момин Поток

Скопје – Почеток на изградба на мост во Карпош 4 кон улица Скупи.

И во време на светска економска криза, државата има пари, има капацитети да застане зад сериозни капитални инвестиции на локално ниво. Грижата за граѓаните на централно и локално ниво продолжува, напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега