Заев: Носиме економија што нуди шанса за младите, нивното место е тука, да водат кон напредокот

Преку конкретни, ефикасни, структурни мерки и политики, се обврзуваме стапката на младинска неврабтоност до 2024 година да ја донесеме под 17 проценти. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од денес. За таа цел Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за оваа година продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и тој буџет ќе продолжи да расте, најави денеска од Велес претседателот на СДСМ и носител на ИЕ 4 Зоран Заев.

Тој нагласи дека обезбедуваат директна поддршка на младинското и женското претприемништво преку грантови во висина од пет до 15 илјади евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис.

– Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Ова се пари кои одат директно на сметките на младите, односно повисоки плати за 10% веднаш. Поранешното „Македонско село“ кое е во државна сопственост, го трансформираме во „Старт-ап село“ („Start-Up Village“) кое ќе нуди физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка. Мерката за три илјади денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование продолжува и понатаму, нагласи Заев.

Ова, според него, е економски патриотизам на дело, затоа што, како што рече, денес, во 21 век, во време на динамичен развој и зголемена мобилност, вистински патриотизам е да ги задржиш младите дома, дома да создаваат и работат, дома да градат кариера, семејства и индина.

– Во 2017 кога ја презедовме важната улога да ја водиме државата, не дочека младинска невработеност од 48,6 отсто една од највисоките во Европа. Во превод, без работа беше секој втор млад човек до 29 години. Тоа за нас беше аларм за брзи и коренити промени во политиките кон младите. Започнавме со реализација на сериозни и издржани мерки и политики кој доведоа до зголемување на вработување на младите, рече Заев, додавајќи оти преку оперативниот план за активни мерки за вработување, поддршката преку Фондот за иновации и технолошки развој, поддршката за вработувања на млади, успеале значително да ја намалат младинската невработеност.

Денес, вели тој, таа изнесува 35,3 отсто и е во постојан тренд на опаѓање.

– Од друга странам, ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека не знаат економија, знаат само да земаат од граѓаните, да ги бркаат младите надвор од државата како што го правеа тоа цели 11 години. Но младите тоа нема да го дозволат. Младите ќе одберат работа, повисоки плати и европски стандарди дома. Ќе одберат напредокот да продолжи уште повеќе и уште подобро. Затоа што знаат дека заедно можеме, заклучи Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа