Заев: Никој не е венчан за функцијата - секој е заменлив

 Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите да ги прифаќаме со најобјективни согледувања, претпоставки и одговорности. Никој не е венчан, ниту врзан за функцијата. Секој е заменилив, но истовремено, не смееме ни да се поставуваме несоодветно заради некакви скриени политички побуди или други скриени намери, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање кога ќе донесе одлука за понудената оставка на министерот Венко Филипче.

Според него, чувството за морална одговорност е разбудено, но не може да се распушти државата кога се случуваат несреќи.

Заев повтори дека ќе ги чека наодите од вештачењето и форензичките извештаи, вклучително и германските, кои треба да бидат комплетирани многу скоро и дека потоа ќе ја донесе одлуката.

Постапката, дополни, е во Јавното обвинителство.

-Јас само можам да упатам апел, тоа што граѓаните го бараат – постапката професионално и експертски целосно да се заврши и колку што е можно побрзо. Граѓаните заслужуваат одговори. Кога ќе бидат соопштени наодите од вештачењето и форензиката, тогаш ќе го кажам и моето размислување по повод поднесените оставки од министерот, заменик-министерот, директорот и економскиот директор на Болницата, истакна премиерот по увидот на пречистителната станица во Штип.

Тој го поздрави етичкиот чин на министерот, заменик-министерот, директорот и економскиот директор на Болницата во Тетово.

-Не можеме да ја распуштиме државата кога се случуваат несреќи. Тагата е голема, болката е присутна кај сите. Сите сме од крв и од месо, но трагедии се случуваат секаде. Многу е важно да се знае дека заради политчки агенди и пориви, не треба никој ништо да прави, а заради етички, тоа е лично чувство и може да преземат одредени чекори тие што така мислат. Пред се е важно дали ситемот е добро поставен, кои биле неговите слабости и од нив треба да учиме, да не дозволиме да се случуваат други вакви трагедии, рече Заев.

Од трагедијата во Тетово, потенцира, веќе се извлечени поуки. Се прават дополнителни контроли на модуларните болници и на комплетниот здравстевн систем.

-Веројатно долг период пред нас ќе биде со сериозен мониторинг. Модуларните болници се решение секаде и ќе бидат уште долго, се додека трае пандемијата. Но, сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите да ги прифаќаме со најобјективни согледувања, претпоставки и одговорности, никој не е венчан за функцијата, ниту е врзан или е налседена од татко му. Секој е заменилив, но истовремено, не смееме ни да се поставуваме несоодветно заради некакви скриени политички побуди или други скриени намери. Треба чесно, отворено и транспарентно да дискутираме. Затоа, многу малку зборувам за деталите, за да оставам стрчните луѓе, професионалците, експертите да ги кажат причините. Тоа го чека нашиот народ, тоа сите го очекуваме, а потоа и согласно тоа ќе ги влечеме потезите и ќе ги носиме одлуките, подвлече Заев.

Тој рече и дека се води грижа како се постапува за време на избори.

– Не смеете да разрешувате или решение да потпишете. не смеете да именувате. Изборниот законик е јасен и соодветно се прават чекорите. Ако мислите дека треба целата Влада, Парламентот, здравстените институции да се распуштат, да дадат оставка, нека се побара тоа, но тоа на изборите лужето секогаш можат да го кажат. Јас сум одговорен човек и сме знаеле многу често да прифатиме одговорност, затоа и отидовме на избори по францускиот потег, но добивме чест да ја водиме државата. Функциите се пред се одговорност, да бидеме луѓе, да бидеме чесни граѓани и да ги следиме примерите на најсовремените демократски земји, истакна премиерот. 

15.09.2021 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега